На почетокот од Јануари, CCP ја објавија најновата експанзија на EVE Online, позната како Incursion. Воведени беа разни промени и новости во играта, но меѓу поинтересните алатки е новиот начин на креирање карактери/аватари.
Алатката за креирање карактери е првиот пример од “Carbon” технологијата на CCP, со која што понатака ќе воведуваат нови можности во играта.
Но, најинтересниот факт е што во EVE почнаа да се појавуваат познати личности. Со други зборови, 3D скулпторот на аватари нуди толку голема палета на опции, што многу корисници ја употребуваат за да му стават “славна фаца” на својот карактер. Погледнете само неколку од аватарите кои се направени од страна на корисници во последнте неколку недели:
















