Футроли
Apple iPad Case
Цена: $39.00
Официјалната футрола за iPad од Apple можете да ја најдете во црна боја со микрофибер во внатрешноста. Прилично е лесна и се превиткува хоризонтално и вертикално за да го држи iPad-от под агол за гледање филм или за пишување. За жал, генералното мислење е дека можете да најдете и подобра футрола за истата цена.
Belkin Grip Vue for iPad
Цена: $39.99
Belking Grip Vue ви го нуди најдоброто од два света. Футролата е направена од Thermoplastic Polyurethane, давајќи проѕирна покриеност, додека поликарбонатот кој што е флексибилен како силикон и дава трајна заштита.
Saddleback Leather iPad Sleeve
Цена: $55.00
Ова е најверојатно единствената футрола со гаранција од 100 години. Направена од дебела кожа и сошиена со индустриски конец, производителите гарантираат за нејзината трајност. Од друга страна пак, дизајнот е еден од оние што никогаш нема да излезат од мода.
Otter Box iPad Defender Series Case
Цена: $89.95
Оваа футрола од OtterBox е Drop-proof, што значи дека вашиот iPad е прилично безбеден во неа. Футролата е направена од 3 слојна заштита, и е доста версатилна во однос на позициите за работа. Оптимизирана е да функционира во сите положби на користење, вклучувајќи го и iPad докот.
Sleeve Felt iPad Case by Nedrelow
Цена: $26
Sleeve Felt е најекономичниот избор за футрола во однос на дизајн и цена. Футролата нуди совршено лежиште за iPad кое што не дозволува да се лизне надвор. Можете да изберете помеѓу странично или горно вметнување. Направена е од 3мм дебела германска волна, совршена за сите eco-friendly корисници.
Griffin Elan Passport iPad Case
Цена: $49.99
Elan футролата е направена имајќи ги на ум бизнис корисниците. Од страна делува сосема исто како вашиот скап кожен нотес. Направена е од микро-антилопа и е достапна во три бои (црна, кафена и крем). Во внатрешноста има џебови за визит карти и слично.
Hard Graft Tilt iPad Case
Цена: $118.00
Оваа футрола има кожна корица која го штити екранот додека е затворена, а нуди црвст држач за iPad-от додека е отворена. Футролата е направена од посебен вид кожа која што има разни текстури и неправилности во бојата, правејќи го секое парче уникатно.
Dodo iPad Case
Цена: $59.95
Оваа футрола стана многу популарна поради нејзиниот сличен изглед со Moleskine нотесите. Dodo Case е направена од вештачка кожа и е составена користејќи традиционален начин на склопување книги. Внатрешноста е направена од висококвалитетен бамбус, кој што е лесен и цврст во исто време, како и eco-friendly.
Book for iPad
Цена: $99.00
Слично како DODO футролата, оваа уникатна футрола наликува на книга. Секое парче е рачно изработено, фокусирајќи се на сите детали во дизајнот. Надворешноста е од ленен материјал за книги, а внатрешноста е направена од волнен материјал кој служи како ракав за iPad-от. Футролата е толку добро изработена што слободно можете да ја камуфлирате на вашата полица со книги.
Торби
Templebags All Leather iPad Case
Цена: $189.00
Templebags имаат направено нешто што е измеѓу торба и футрола за iPad, и е моментално нивниот бест-селер. Основата на внатрешноста е направена од платно кое што е спасено од втората светска војна, дозволувајќи ви да поседувате мал дел од историјата на светот. Temple пак гарантира дека кожниот дел од футролата ќе станува се поимпресивен со тек на време. Ова е дефинитивно футролата што би ја купил Indiana Jones.
Muzetto
Цена: $199.00
Muzetto е совршената торба за оние чиј живот е прекомплициран поради телефони, лаптопи, полначи, кабли, клучеви и слично. Можете да изберете помеѓу црна или кафена кожа, и 6 различни бои за акцентите.
Simplism Leather Collection
Цена: $39.97
За љубителите на класиката, Simplism е одлична луксузна торба направена од 100% вистинска кожа со посебен премаз кој што и дава дополнителен сјај. Каишот за преку рамо се вади, со тоа што можете да ја користите како папка и торба во исто време.
Ristretto for iPad
Цена: $110.00
Ristretto е класична messenger торба за оние со спортски стил. Внатрешноста е поставена со преграда која што го штити iPad-от од сите страни, и нуди посебни џебови за сите останати аксесоари. Можете да ја купите во 6 различни комбинации на бои.
Бонус
ClamCase
Цена: $119.00
ClamCase е рекламирана на пазарот како единствената all-in-one футрола за iPad. Само неколку од опциите се целосна QWERTY тастатура, 4 различни позиции на екранот, индикатор за батерија, 360 степени ротација итн. Споредено со некои торби и футроли од истата цена, ова е дефинитивно правиот избор.
Book Book for iPad
Цена: $69.99
Book Book е совршен избор за љубителите на vintage. Секое парче е рачно изработено и уникатно, со тврда кожна корица и прилагодлива подлога. Достапна е во темно кафена, и темно црвена боја.




























