1. Основачите

Apple нема два основача, има три. Тоа се Steve Jobs, Steve Wozniak и Ronald Wayne. Работејќи како супервизор, Ronald го има нацртано првото Apple лого, кое го представува Исак Њутон како седи под јаболкница. Две недели по основањето на Apple, Ronald се откажал од неговите акции за сума од $2,300.

2. Комбето и Калкулаторот

Со цел да соберат доволно средства за да ги исполнат првите нарачки од Apple I моделот, Jobs и Wozniak морале да продаваат свои лични предмети. Тука спаѓаат Volkswagen комбето на Jobs и калкулаторот на Wozniak. Hewlett-Packard 65 калкулаторот во моментот имал продажна цена од $800, а Wozniak го продал за $500.

3. Apple IIe

Apple IIe моделот е најдолго продаваниот Apple компјутер. Конкретниот модел бил во производство и на продажба цели 11 години. IIe представувал “enhanced” верзија од претходните модели, затоа што имал вградени модули кои што на старите модели биле достапни само како надоградби.

4. $666.66

Првиот Apple компјутер (Apple I) оригинално имал продажна цена од $666.66. Како што Wozniak еднаш објаснил, големопродажната цена на компјутерот била $500.

“Кога додадовме една третина на таа цена за да ја добиеме малопродажната, добивме цена од околу $667. Ја променивме цената во $666.66, беше поедноставно за пишување.”

5. Колку е саат?

Времето кое што е прикажано на сите направи на Apple сајтот е исто; 9:41 am за iOS направите и 10:50 am за компјутерите. Времето е координирано со моментот кога сликите се покажани од страна на Steve Jobs за време на Keynote-от.

6. Apple vs Disney

Steve Jobs добива годишна плата од Apple во вредност од $1. Од друга страна, годишната дивидента од Disney му е во вредност од околу $50 милиони. Тој е најголемиот акционер во Disney (7% во вредност од околу $3 билиони). Во периодот кога го напушти Apple во 1986, Steve го одкупи Pixar од George Lucas за сума од околу $10 милиони. 20 години подоцна, во 2006 година го продаде Pixar на Disney за $7.4 билиони.

7. Ролката и Маицата

Steve Jobs и Jonathan Ive се познати по нивната “униформа” за време на keynote презентациите и видеата. Jobs не пропушта да ја облече својата црна St. Croix ролка, Levi 501 фармерките и New Balance 992 патиките. Од друга страна пак, Ive очигледно ја носи истата маица (или истиот стил на маица) во сите видеа на Apple производи од 2000та година навака.

8. 4,000 Lattes to go

За време на Keynote-от во 2007 кога беше најавен iPhone, Jobs го употреби телефонот за да се јави во Starbucks и да нарача 4,000 кафиња за носење. Меѓу другото, Jobs поклони по еден iPhone на сите вработени во Apple.

9. Welcome, IBM. Seriously.

Кога првиот IBM персонален компјутер дебитираше во 1981, 5 години по основањето на Apple, Apple одкупи рекламен простор во Wall Street Journal со зборовите “Welcome, IBM. Seriously”.

10. The Cube

Apple продавницата на Fifth Avenue во Manhattan, позната како The Cube е една од најфотографираните места во светот. Интересен факт е што за нејзината изградба се потрошени $10 милиони, додека на Apple сајтот ја рекламираат како продавница која работи 24/7, 365 дена во годината.

Бонус: Twitter

Најпознатиот лажен твитер акаунт на Стив Џобс е @ceostevejobs. Прилично смешно за тие што го разбираат хуморот.


Surfing MacRumors for my next great idea.less than a minute ago via web


Good thing everybody forgot about that “massive antenna design flaw” on the iPhone right in time for Christmas.less than a minute ago via Tweetie for Mac