Доколку на некој од вас не му се доволни 250те илјади критики од играта Angry Birds, и не е сигурен дали да плати 99 центи за неа, сега ќе може да се упати на новата категорија во App Store: Try Before You Buy.

Аpple неодамна ја најави категоријата, која што ги собира на едно место бесплатните или “лесни” верзии од некои познати апликации. Некои корисници ова го гледаат како обид на Apple да покаже дека нема потреба од правење jailbreak на iPhone со цел да се инсталираат пиратирани апликации пред да се плати за целосната верзија.

Пред неколку недели, Американскиот Центар за Авторски Права го промени “Digital Millennium Copyright Act”, со кој им се дозволува на корисниците да го џеилбрејкуваат својот iPhone, што вклучува модифицирање на софтверот при што се прекршува copyright заштитата.

Apple се надополни на настанот со изјавата дека иако џеилбрејкување на iPhone не е илегално, тоа е против договорот за гаранција со нивните корсници. Со други зборови, Apple нема да ве тужи доколку имате отклучен iPhone, но доколку имате потреба од сервис, не очекувајте дека во Apple ќе ви помогнат.