Пред неколку дена Аpple објави sneak peek од Mac OS X Lion, кој што е осмата голема верзија од овој оперативен систем. Lion се очекува да се појави на пазарот следната година во лето. Самиот оперативен систем е инспириран од бројните иновации кои што се појавија во софтверот на iPad. Меѓу опциите ќе има Launchpad, опција за full-screen апликации и Mission Control кој што ќе ги унифицира Expose, Dashboard, Spaces и full screen апликациите во инстантна навигација.

Најинтересната новост за програмерите е тоа што со OS X Lion ќе се отвори и Mac App Store, преку која ќе се дистрибуираат OS X апликации исто како продавниците за iPhone, iPod touch и iPad. Apple ветуваат дека симнувањето нови апликации на Mac ќе биде исто толку едноставно колку што е и на iPad/iPhone. Програмерите кои што ќе користат Mac App Store ќе ја имаат опцијата сами да ја изберат цената за нивната апликација, добивајќи 70% од профитот, без никакви дополнителни трошоци за хостинг.