Мора да признаам дека од новите производи на Аpple дефинитивно нај wow—момент ми беше новиот iMac 27″ , меѓутоа сепак најмногу ме импресионира дизајнот и замислата на новото Mac mini сервер. Mac mini одсекогаш било најзапоставено во Мак фамилијата меѓутоа со еден ваков сервер ”тјунинг” мислам дека ќе биде многу привлечна опција за домашни и мали бизнис корисници и фирми.
Искрено тоа и не е нешто ново, на Mac mini-то и порано многу луѓе веднаш му најдоа примена како мини медиа сервер и слично, но со новиот мини сервер модел предноста е тоа што доаѓа со преинсталиран Snow Leopard Server софтвер. Воедно тоа и е најголемата предност по мое мислење бидејќи се добива еден моќен серверски софтвер со бесконечен број на клиент—лиценци што значи дека нема потреба од плаќање додатни лиценци во иднина доколку би се проширувала фирмата. Секако иако има безброј лиценци нормално реално треба да се земе во предвид дека сепак Mac mini е МИНИ сервер и си има свој лимит колку клиенти може да опслужува.
Најбитно е да се спомне дека Snow Leopard Server работи без проблем со Mac, PC и iPhone и е многу едноставно да се сетра (Apple наведува дека се потребни 15 мин за да се сетира за основна работа ), и понатаму може да се користат сите функции за е-маил, инстант пораки, споделување на календар евенти, ремоте пристап, бекап итн.
Гледано од хардверски аспект веднаш ќе се забележи дека на Mac mini сервер му недостига DVD слот. Тоа е така бидејќи Apple на негово место имаат вградено втор хард диск така што добивате 2х500GB хард дискови, што е повеќе од доволно за еден мал бизнис. Додатно доколку има потреба секако може да се поврзат надворешни хард дискови до 4GB во RAID ( apple store ) , надворешен DVD уред итн.. Исто така нема потреба да биде минито приклучено cо монитор, тастатура или маус бидејќи може да се користи преку remote пристап.
Главната поента е дека добивате солиден и комплетен сервер пакет во мало пакување, се што треба да направите е да најдете простор од 15cm x 15cm x 5cm каде да го сместите Mac mini…а тоа е прилично лесно ![]()
За додатни информации и спецификации може да ги погледнете следните линкови…















